| „Ти си виновна" е насловот на дуетoт меѓу еден од најдобрите R&B продуценти во Македонија, Роберт Билбилов и Викторија Лоба. По успехот на првиот заеднички проект песната „Слобода" во изведба на Лоба, двајцата артисти одлучија да ја продолжат соработката со дует. Текстот за оваа песна го напиша Ивана Николовска, која се потпишува и зад неговата претходна песна „Чудни мисли", нумера со посебна енергија, според зборовите на Билбилов. Реализацијата на спотот се одвиваше летово на неколку локации во Скопје и Охрид, меѓу кои е хотелот Милениум Палас. Креативниот дел на Горила Продукција го изработи спотот заедно со режисерот Александер (Александар Ристевски- Принц). Уметничкиот видео запис кој го истакнува сексапилот на русокосата убавица, ја следи приказната на песната, а најинтересни се кадрите кои се снимени под вода каде Роберт и Викторија заедно пливаат во базен. |