| Македонска народна песна од Пиринска Македонија, специфично за песните е Пиринскиот дијалект: т'нка, р'це, думам, са, череши, аз (скратено од јазе, јаска) итн., но се задржани и се говорат зборови и од денешниот литературен македонски јазик: црни, бело, фиданки, што, млеко итн. што е јасна граница меѓу македонскиот и бугарскиот јазик: (черно, бјало, млјако и сл.) текст: Питат ме, мамо, в село момите: -Што ти са, Гано, црни очите? А јазе им думам, думам, продумам: -Кога ме мама мене родила, црни череши в р'це држала! Гано ле, пиле пернато, Ганчице, душо калешо. Питат ме, мамо, в село момите: -Што ти е, Гано, т'нка снагата? А 'аз им думам, думам, продумам: - Кога ме мама мене родила, млади фиданки в р'це држала. Питат ме, мамо, в село момите: -Што ти е, Гано, бело лицето? А 'аз им думам, думам, продумам: -Кога ме мама мене родила, с' пресно си млеко лице умила. |