| По поводот големиот јубилеј: 600 ГОДИНИ ОД ПОДИГНУВАЊЕТО И 150 ГОДИНИ ОД ВОЗОБНОВУВАЊЕТО НА ЦРКВАТА "СВЕТИ ИЛИЈА" - ЕЛШАНИ. Посветено на Елшани, елшанци и сите вистински Македонци! КАЈ ШТО БДЕЕ СВЕТИ ИЛИЈА Таму горе над Белото Езеро, меѓу брегот и планината, таму е мојто родно село, таму ми е татковината - кај што бдее Свети Илија, кај што зрачи Македонија! РЕФРЕН: Елшани, родно село на Лајче Војвода, Елшани, храбра жртво за светла слобода, вековна црква чествуваме топлина, љубов в срце чувствуваме! (x2) Денес дишам од убавината, ти си ми вистината, за години долги разделени сонце си ми што ќе ме обдени. Без тебе в туѓина тешка судбина, крај тебе радост, иднина! РЕФРЕН: Елшани, родно село на Лајче Војвода, Елшани, храбра жртво за светла слобода, вековна црква чествуваме топлина, љубов в срце чувствуваме! (x2) Запеј ми село песна најубава за да ја стоплам душава, заиграј оро како на Свети Јон да го живеам мојот убав сон. Вечно да траеш крај Свети Илија, а и вечна Македонија! РЕФРЕН: Елшани, родно село на Лајче Војвода, Елшани, храбра жртво за светла слобода, вековна црква чествуваме топлина, љубов в срце чувствуваме! (x2) Автор на текст и музика: Проф. Димче Донески Аранжман: Кире Стојчески © Здружение на граѓани РОДОЉУБИ СВЕТИ ИЛИЈА јули 2009 г. www.elsani.mk |