| Текст : Нервозен ко нервоза ,дејство од растроена психоза рационалист сум јас ко Барух Спиноза се нафрлам на глупост у дупла доза пошто создавам несоздадено , решавам недорешено предрасуди кон мене ? Ме имаш згрешено моќта на разумот за вистината ви е непозната свера ограничени по патот , крајна граница , прво слој атмосвера а веќе ја имам на видик галаксијата те лажам дека небото е крајна станица излажал месијата сепак вербата кон незнаењето , долго величена смислата за постоењето крајно обезличена култот на лагата и глупоста масивно прифатена умрена моралната страница од животите,неповратена сум непозната појава,без никаква дојава вршење психолошки продор како Фјодор е моментален зачеток чекај втора строфа или почни ти од почеток Беспрекорна прецизност како закон физички после мене паднати право на умствен зафат клинички зборот, идилична претстава на мое битие прв пат ме слушаш , ете , гледаш веќе ново откритие заеби метафора , имаш за мене претстава и без да зборам течна мисла без прекин како идеален флуид ме гледаш воздигнат сум како песната за сид ова е факт да , факт ап ко од Багдат , слепи од катаракта , нема напад трап ко замка ,изгоре код од пламен сламка ова е разорно дејство во внатрешност , од хлороводородна киселина цени ми го зборот зошто имам умешност , пече повеќе од вистина пошто сум надчовекот со вештина смислоразликувачка еве ти го крекот,ајде фати поза дувачка ова е болка ко од скршен пршлен страшен како стршлен поминувам понатака со текстот недовршен ... |