| Што ќе остане од Македонија - Гоце Арнаудов Македонска новокомпонирана патриотска песна Светот крај нас ни спрема, ама нас да нè снема знајте, господа, нема никогаш! Дури ѕвезди се палат, храби синој се раѓаат, ти ќе постоиш, Македонијо! Ако уште ми те делат, ако уште ми те грабаат, што ќе остане? Дали клетва била јака, да е вечна таа мака, земјо, кажи ми. Ако уште ми делат, ако уште ми те грабаат, што ќе остане? Ако мирот не се врати, некој мора сè да плати, Македонијо! Душман Егеј го зема и во Пирин нè нема, веќе никаде од огништата. Боже, мора ли вака, знаеш, земја се сака исто како и чедото. Ако уште ми те делат, ако уште ми те грабаат, што ќе остане? Дали клетва била јака, да е вечна таа мака, земјо, кажи ми. Ако уште ми делат, ако уште ми те грабаат, што ќе остане? Ако мирот не се врати, некој мора сè да плати, Македонијо! Гледам ѕверој што вијат, стари камбани бијат, не те даваме, Македонијо! Дури ѕвезди се палат, храби синој се раѓаат ти ќе постоиш, Македонијо! Македонијо! Shto ke ostane od Makedonija - Goce Arnaudov Macedonian patriotic song |