| Роден во Битола 1876 година. Завршил егзархиска гимназија во родниот град и учитествувал во повеќе места во Македонија. Во 1901 му се приклучува на ТМОРО. Со својата чета крстосувал сегде низ Битолско, Демирхисарско, Ресенско, Крушевско и Прилепско и имал чести судири со турската војска и башибозук. За Смилевскиот конгрес се појавил како делегат од Битолскиот револуционерен комитет. За време на востанието ,Сугарев заедно со Даме Груев, Стојан Донски, и неколку други Војводи од регионот земаат активно учество во ослободувањето на Смилево. Познати му се битките што ги воделе востаницте помеѓу Смилево, Ѓавато, и Бигла планина. По востанието Сугарев активно се бори да ја обнови ВМРО. Сугарев исто така зел активно учество заедно со Димче Могилчето, Иван Наумов Алјабакот, и Панчо Константинов во борбите против српско-врховистички чети околу Азот, Богомила, Велешко и низ повеќе места околу Поречјето. Komita - A Macedonian Revolutionary devoted to the dream of Autonomous Independent Macedonia for the Macedonians |