| Охридска староградска песна.. Климе Садило и охридските трубадури Текст : " Голема риџа, ти чинам, ти кира Саветко ! -И јас те поздравјам ! -Да ми дојдиш на визита , јас да те пречекам ! -Не можам јас да дојдам, ти кира Марие, Таџис не чини се ! Ќе ти је пратам сестра ми, кира Катерина. Кл'укна, тропна на вратата кира Катерина, отвори Деспина Је се спушчи и Деспина, је баци рaката , во рaката меџидија, нишан за Деспина - - Нишан ти давам Деспино, да н'ме заборавиш ! ( Поминаја три години ти ме заборави ! ) -Појл'и горе во одаја, кира Катерино, на џамфес миндери, ти благо да си земиш, кафе да с'испиеш . -Јас благо не ти љубам, кафе не ти пијам, ти кира Марие, само је сакам Деспина за кир Ристакија ! Бог го убил тој Пармага, Пармак Димитрија Димитри чапкунот тој је мамит три години, и пак не је зеде ! Колку се ѕвезди на небо - пушки ке донесам , ти кира Марие, Деспина ќе је грабиме, ти не ќе је видиш, Немој Марие, не чинит ! Резил' да не бидит ! Во сабота на вечерта, на осум саати, свирит Караѓуле : " Брго направи арзоол , ти кира Марие , фрли го на Андонакија и вака речи му: - Риџата да ми поминит, кир Андонакија Деспина ќе је грабет , јас не ќе је видам !" |